Морето исфрли 27 тела на удавени мигранти во Либија

by Fokus

Телата на 27 мигранти, кои се удавија во Средоземното Море обидувајќи се да стигнат во Европа, беа исфрлени од морето на бреговите на западна Либија, соопшти денеска Црвената полумесечина.

Телата биле пронајдени синоќа на две различни локации во крајбрежниот град Хомс. Тројца мигранти беа спасени, а во тек е потрага по други преживеани, се вели во соопштението.

Загинатите мигранти веројатно се удавиле во неодамнешните бродоломи во близина на Либија. Оваа земја, зафатена од децениски крвав конфликт и беззаконие, е главна транзитна точка за мигрантите кои бегаат од сиромаштија и граѓанските конфликти во Африка и на Блискиот Исток.

Трговците со луѓе ги превезуваат очајните мигранти во неопремени и често преполни гумени чамци на ризичното патување преку Средоземното Море.

Според Меѓународната организација за миграции, околу 1500 мигранти се удавија во бројни несреќи на рутата во Централниот Медитеран оваа година.

 

Поврзани новости