„Мораме да бидеме толку силни што никој нема да се осмели да нè нападне!“ порача Шолц

by Fokus

Европа мора да ја зајакне својата одбрана и да обезбеди дека може да издржи каков било воен напад однадвор, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Русија не само што ја напаѓа Украина, туку го уништува и мирот во Европа“, рече тој.

Германскиот канцелар нагласи дека Украина ќе биде поддржана во самоодбрана „се додека е потребно“.

„А ние, Германија и Европа, правиме повеќе – и мораме повеќе – за да можеме ефективно да се браниме“, посочи Шолц.

„Заедно со нашите сојузници мора да бидеме толку силни што никој да нема да се осмели да не нападне“.

Тој го опиша НАТО како најдобра гаранција за одбрана „од двете страни на Атлантикот“ и го посочи зголемувањето на инвестициите во германската армија како знак дека таа ги исполнува своите обврски кон НАТО, наведувајќи дека годинава инвестициите во армијата изнесуваат два отсто од вредноста на вкупниот економски производ, првпат годинава по неколку децении.

Поврзани новости