924
Прилично жестока беше тв-дебатата помеѓу претседателката на ДОМ, Маја Морачанин и Ана Петровска, која беше независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од „Зелен хуман град“.
Дебатата стана напната во моментот кога се говореше за законот за увоз на отпад кој се користи како енергенс во земјава.
„Вие сте опседнати со мене и со луѓето од ДОМ. Не знам што толку ви пречи. Се уште се манипулира јавноста и вие не треба да учествувате во манипулацијата. Мене не можете да ми кажувате манипулации за нешто што е факт“, истакна Морачанин.