Коалицијата на ДОМ и ЛДП, „Одлучно за промени“, предводена од Маја Морачанин и Горан Милески, порача дека нема да поддржи одржување на нови предвремени парламентарни избори, по вчерашниот втор круг на локалните избори во Македонија.
„Ние сме дел од парламентарното мнозинство и не поддржуваме одржување на нови парламентарни избори. На Македонија и е потребна стабилност. Се соочуваме со криза и се уште трае пандемијата на Ковид-19. И ДОМ и ЛДП се прогресивни партии, а во следниот период веруваме дека ќе се отпочне процесот за преговори со ЕУ. Ние нема да инсистираме да се повлече Заев, чија оставка тој кажа дека е од морални и етички причини. Но, мора да разговараме и да знаеме кои се визиите на новиот премиер, да видиме која е идејата“, рече Морачанин.