Морачанин е единствен предлог за претседател на ДОМ

by Fokus

Општинските организации, младинската организација-МОДОМ, Форумот на жени и Извршниот одбор на зелената партија ДОМ, како единствен кандидат за претседател на ДОМ на претстојниот Петти конгрес кој ќе се одржи на 27 ноември, ја предложија актуелната претседателка, Маја Морачанин.

На денешната седница на Извршниот одбор на ДОМ, беа разгледани и усвоени предлозите од општинските организации на ДОМ, младинската организација и Форумот на жени за кандидати за претседател, членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ.

Согласно внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.

На 18.11.2022 година, ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиуми, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот.

Поврзани новости