Претседателската на ДОМ, Маја Морачанин пред лидерската средба во Собранието изјави дека очекува конструктивна дискусија и одговорност од сите партии што ќе бидат претставени на средбата. Сите, како што кажа, треба да бидеме фокусирани само на прашањето што се однесува на преамбулата на Уставот и спроведувањето на реформите за влез во ЕУ.
-Не очекувам дека денеска ќе се постигне договор имајќи ги предвид нели најавите, изјавите од опозицијата дека се уште се против, бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но е добро да разговараме заеднички, бидејќи тоа е најдобриот начин за стратешки прашања кои се стратешка важност и за државата и за граѓаните, рече Морачанин.
За тоа дали власта е подготвена да даде гаранции, таа вели дека не би можела да коментира бидејќи незнае кои се гаранциите што опозицијата ги бара.
-Очекувам денеска на средбата да ги искажат тие гаранции кои тие ги бараат па потоа би можеле да дискутираме дали е тоа нешто што власта може да го обезбеди, пратениците или од ЕУ, не знам за каков тип на гаранции се работи, рече Морачанин.
За тоа дали би се согласиле на предвремени избори за поддршка на уставните измени, претседателката на ДОМ вели дека тие условувања никому не носат добро, бидејќи темата за денешната средба европските интеграции на Македонија и да се обезбеди консензус по тоа прашање, и оти темата не се предвремени избори.
-Наназад со месеци, јас би рекла со години бидејќи ова барање на опозицијата за предвремени избори практично датира уште веднаш по Парламентарните избори 2020, но дефинтивно тоа е и став на ДОМ и ние во повеќе наврати сме го истакнале, дека она што треба да ни биде фокус, тоа е пребродување на оваа енергетска – економска криза, на оваа најтешка зима која ни претстои пред нас, рече Морачанин.