Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави дека Северна Македонија „мора да го прифати францускиот предлог по отстранувањето на ветото на Бугарија за да се отворат преговорите со ЕУ”. Преку скајп интервју за Ора њуз, Села истакна дека Албанците не треба да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири до пет години.
-Ова е понудата што ја има Северна Македонија на маса и треба да се сфати многу сериозно. Одлуката не е дали ќе го прифати или не пакетот или францускиот предлог, туку изборот што мора да го направи Северна Македонија е дали да го продолжи или не европскиот пат. Ако не прашаат, ние отворено сме го кажале нашиот став. Ние сме за продолжување на ова патување кое поминува низ прифаќање на францускиот предлог – рече Села.