Монструозниот менталитет на Вагнер, Пригожин од продавач на хот-дог до прв џелат во Украина

by Fokus

Евгениј Пригожин е шеф на руската паравоена единица „Вагнер“, која има монструозен менталитет, пишува британски „Сан“.

Сите членови на оваа единица имаат силен мотив да се борат без да се откажат. Инаку, ги чека сигурна смрт, која пристигнува на многу брутален начин.

Кога неодамна еден член на „Вагнер“ наводно се повлече од линијата на фронтот, тој беше убиен на грозоморен начин. Пригожин накратко искоментирал: „Тоа куче заслужи таква смрт“.

Евгениј Пригожин ја започна својата работна кариера како продавач на хот-дог. Пред тоа тој беше во затвор, а заврши како еден од најмоќните и најбруталните команданти кои работеа за рускиот претседател Владимир Путин. Тој го нарекува рускиот претседател „тато“, а тој наводно ја формирал својата единица за да ги извршува сите „валкани задачи“ за Кремљ, а за возврат Путин замижува пред сите криминални активности на него и неговата единица.

Од Украина до Сирија и некои конфликти во Африка, „Вагнер“ е секогаш на првата линија. Во сите конфликти тие беа побрутални од редовната руска армија за да го оттргнат вниманието и обвинувањето од неа.

Групата „Вагнер“ може да биде клучна во војната во Украина. Во руските затвори ги регрутирал самите „ѓубриња“ на руското општество – убијци, разбојници и силувачи. Тој им ветил дека сите ќе бидат помилувани доколку преживеат најмалку шест месеци на фронтот, пишува „Сан“.

Пригожин е роден во Санкт Петербург во 1961 година. Го одгледала неговата мајка која работела во локална болница. Пригожин дипломирал на атлетскиот интернат во 1977 година. На само 18 години тој доби условна казна од две и пол години за кражба. Наместо да издржува затворска казна, работел во хемиска фабрика.

Само две години подоцна, тој ограбил жена под нож. Поради ова, тој поминал 13 години во затвор, од кои дури девет години поминал во силно обезбедуван логор.

Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, а тој беше ослободен една година порано. Отворил киоск каде продавал виршли. Бизнисот му одел добро, па со текот на времето го презел управувањето со синџир ресторани во Санкт Петербург.

Врвот на неговата кариера беше пловечкиот ресторан „Нов остров“. За време на посетата на јапонскиот премиер Јоширо Мори на рускиот претседател Владимир Путин во 2000 година, Пригожин ги угостил во неговиот ресторан „Нов остров“.

Во истиот ресторан во 2002 година вечераше и поранешниот американски претседател Џорџ Буш со Путин. Наскоро Пригожин го добил прекарот „готвач на Путин“ иако не бил готвач.

Единицата на Пригожин, наводно, добила дури 2,8 милијарди евра за зајакнување на своите капацитети. Со текот на времето, тој стана многу богат и стана сопственик на имот, јахти и авиони.

Поврзани новости