Мониторинг на Институтот за демократија: Половина од активностите од планот 3-6-9 се целосно спроведени во второто тромесечје

by Фокус

Мониторингот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ врз планот 3-6-9 покажува дека во вторите 3 месеци целосно се спроведени 16 активности или 52 отсто од активностите што требаше да се спроведат во делот 6, односно заклучно со шестиот месец. Како што денес појаснија од Институтот, 5 активности или 16 отсто се делумно исполнети, 6 активности или 19 отсто се неисполнети, додека 4 активности или 13 отсто се немерливи.

„Се забележува подобрување на Планот во насока на зголемување на неговата мерливост и предвидливост. Друг позитивен момент е што Владата, овој пат, го објави планот во целост односно ги објави активностите кои треба да бидат преземени за целото времетраење на планот 3-6-9. Исто така, како позитивно се оценува и направената приоретизација во однос на реформски области. За разлика од претходниот план, овојпат, акцентот е ставен на реформите во правосудството, безбедносните и разузнавачките служби и јавната администрација. Покрај овие позитивни моменти, евидентни се и аномалиите кои се повторуваат во оваа, како и во претходната верзија на Планот. Имено, застапени се мерки кои по својата природа се континуирани активности на институциите или нивна ресорна надлежност. Тие не се и не можат да бидат реформска активност – велат од ИДСЦ.

Инаку, делот 6 се однесува на период од локалните избори до крајот на 2017 година. Според овој мониторинг, споредено со делот 3, процентот на исполнети активности е во пораст од 41 на 52 проценти, исто како и процентот на неисполнети активности од 14 на 19 проценти. Процентот на делумно исполнетите активности пак останува ист (16 проценти), додека се забележува пад во процентот на немерливи активности од 29 на 13 проценти.

 

Поврзани новости