651
Италијанската актерка, Моника Белучи и холивудскиот режисер Тим Бартон се снимени како страсно се бакнуваат на улица, откако странските медиуми објавија дека наводно биле во тајна врска четири месеци.
Тие двајца се шетале без да се грижат за папараците
Двојката се запознала пред 16 години, но странските медиуми велат дека почнале да се гледаат откако се сретнале на филмскиот фестивал Лумие во Лион во октомври. 58-годишната Моника беше почесен гостин на фестивалот, каде на 64-годишниот режисер му врачи награда за животно дело.