Луксузниот Глисер во Калишта сепак бил подарок за монасите, тврдат вработените од кругот на манастирот. Велат дека глисерот кој е далеку од екстралуксузен го добиле за потребите на монаштвото, но од кого не кажуваат.
Иако не сакаа да зборуваат пред камерата на телевизија 24, ја потврдија и информацијата дека изминатите денови без сеуште добиена дозвола монаасите го запловиле глисерот. Тие тврдат дека станува збор за истиот пловен објект претставен во јавноста како ултра скап и модерен, со вртоглава сума, но велат во живо е само обично пловно возило. Единствен уредно паркиран на пристаништето е атракција за случајните минувачи и туристи.
Сепак нејасно е зошто ако е истиот глисер инаку во сопственост на бизнисменот Самсоненко,го сфатиле како подарок кога тој вчера изјави дека го оставил во Калишта исклучиво само на чување.На тоа прашање немаа одговор.
Нејасно е зошто тврдењата на вработенитe од кругот на манастирот и ставот на епархијата на ГГ Стефан се различни. Додека вработените тврдат дека глисерот е подарок за монасите кои веќе почнале да го користат, од епрахијата уверуваат дека пловниот објект не е сопственост на МПЦ, туку на фирмата СИС Травел груп, а МОЦ отстапила простор само за чување.