426
Министерството за образование и наука ги повика учениците, студентите, наставниците и професорите да се придружат на иницијативата на неформалното здружение „На Точак“ во рамки на глобалната акција „Во зима со велосипед на училиште и работа“.
„Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на останатите граѓани и учесници во сообраќајот. Грижата за животната средина, вашата среќа и благосостојба, заштедата на време и пари, се најголемата мотивација за возењето велосипед“, пишува во повикот од МОН.