449
Директорите на скопските средни училишта се должни до крајот на првото полугодие да најдат начин да ги надоместат часовите што беа изгубени поради дојавите за поставени бомби во школските објекти, категорични се од Министерството за образование и наука, објави Слободен печат.
Како што додаваат од Министерство за образование, тие нема да дадат насоки како да се надоместат изгубените часови, туку тоа ќе го стори секое училиште посебно, во зависност од тоа колку часови изгубило.