404
Министерството за обрзование реагираше на прес конференцијата на Стефан Богоев, претседател на СДММ, кој презентираше мерка за платена работа за студенти во студентските кампуси.
-Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден обид за политички популизам и собирање на дневно политички поени на грбот на студентите, кои токму во времето на владеење на оваа политичка партија, всушност беа социјално загрозена категорија – обвинуваат од Министерството.
Понатаму во соопштението тие ги набројваат сите мерки на Владата што ги спровела во областа на образованието и за поддршка на студентскиот стандард.