МОН препорача онлајн настава во деновите кога ќе има дојави за бомби

by fokus

Поради дојавите за бомби кои со месеци го блокираат образовниот систем во земјава основните и средните училишта добиле препораки од МОН во деновите кога ќе добијат заканувачка порака за поставена експлозивна направа, наставата да ја продолжат онлајн.

Според насоките дадени од ресорното министерство на учениците би им се дало време од еден час да се вратат дома и да се вклучат на настава која би се спровела по електронски пат се со цел да не се губат часови.

Вчера и родителите добија порака во која се бара од нив да ги проверат профилите на своите деца на тимс платформата на која онлајн настава се следеше и за време на пандемијата од корона вирусот.

Во дописот кој МОН го испратил до основните и средните училишта биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Поврзани новости