МОН: Ја интензивиравме дистрибуцијата на учебниците за основците

by fokus

Министерството за образование и наука денеска информира дека е интензивирана дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование.

Како што информираат, обезбедувањето со потребните наставни материјали за учениците од основните училишта се одвива согласно однапред утврдена динамика.

-Денеска, учениците од кумановските села Лопате и Черкезе, како и училиштата во општините Сарај, Струга и Боговиње согласно договорите за печатење, ќе добијат учебници по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик. Во текот на вчерашниот ден, исто така согласно четвртиот договор, учебници на албански наставен јазик, беа доставени во општините Липково, Тетово и Желино, се наведува во соопштението од МОН.

Поврзани новости