1.1K
Министерството за образование и наука соопшти дека се проширува квотата за запишување ученици во прва година во скопските гимназии „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Во гимназијата „Орце Николов“ МОН ја проширува квотата за една паралелка и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале во првиот уписен рок, на првото пријавување.
Во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,65 поени, а аплицирале во првиот уписен рок, на првото пријавување.
За сите дополнителни информации МОН ги советува учениците да се јават во училиштата „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ на 4 јули 2017 година.