МОН бара кинезиолог кој ќе спроведува јавни набавки

by fokus

Министерството за образование и наука распиша оглас за нови вработувања, со кои ќе се пополни местото помлад соработник за јавни набавки. Во одделението за координација на јавните набавки Министерството бара специфични услови од кандидатите. Според огласот, во делот посебни услови е наведено нивото на квалификации. За иден помлад соработник кој ќе ги спроведува јавните набавки се бара да има завршени студии по правни науки, кинезиологија или политички науки.

Кинезиологија е наука за движењето, а се опишува како дополнителна или алтернативна терапија која, при следењето на мускулите, се обидува да ја пронајде причината за нерамнотежата во телото. Најчесто се користи при здравствени проблеми, како што се стрес, заболувања на мускулите, проблеми со исхраната, емоционални проблеми, тешкотии со учењето и однесувањето.

Поврзани новости