530
Ние сме во состојба на вето, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев, одговарајќи на прашање за тоа дали Бугарија ќе и стави вето на Македонија на патот кон Европската унија, пред состанокот на Советот на Европа .
-Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето – изјави Радев.
Радев најави дека на состанокот совет ќе ги постави прашањето за зголемената агресија и ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија.