Момчињата и рибарот со сигурност биле убиени кај Смиљковското Езеро

by fokus

Нема сомнеж дека четирите момчиња и рибарот биле убиени кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година. Ова денеска се заклучи од сведочењето на вештаците од Судска медицина, на рочиштето за случајот „Монструм”, кои во детали објаснуваат како биле убиени жртвите.

Вештакот Златко Јаќовски посочи дека една од работите која требало да ја утврдат е и дали жртвите биле убиени на таа локација.

-Крв се наоѓаше под нивните тела. Исто така во земјата под некои тела беа пронајдени проектили, рече вештакот, кој одговори на прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи дали со сигурност жртвите биле убиени на местото каде што беа најдени.

 

Поврзани новости