Момчето кое вчера се здоби со тешки изгореници при стурен удар ќе биде лекувано во Софија, објави министерот за здравство Венко Филипче.
-Благодарение на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија и одличната соработка која ја имаме со болниците во Бугарија, детето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар ќе биде лекувано во најголемиот центар за изгореници на Балканот. Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување. Обезбедено е санитетско возило кое треба да тргне во секој момент, соопшти Филипче.