Момчето кое изврши масакр во училиште ќе го донира својот мозок за истражување:„Што го создаде ова чудовиште?“

by Fokus

Николас Круз, тинејџерот кој брутално уби 17 луѓе во училиште во Паркленд во февруари 2018 година, сподели застрашувачки вести шест години по масакрот.

Пред шест години, овој млад човек упадна во поранешното средно училиште Марџори Стоунман Даглас во Паркленд, Флорида вооружен со автоматска пушка и тргна во застрашувачко дивеење. Тој уби 17 и рани 17 луѓе, што го прави еден од најсмртоносните престрелки во училиштата во САД.

Сега, неколку години по трагедијата, Круз кој отслужува доживотна затворска казна – постигна необична граѓанска спогодба со една од своите жртви.

Круз се согласи да го донира својот мозок на медицинската наука откако ќе умре, а жртвите рекле дека се надеваат со тоа ќе се открие „она што го создало ова чудовиште“.

Адвокатот на Ентони Борхес (21), кој беше застрелан пет пати во нападот, предложи необичен договор со Николас.

„Мислев дека ако научниците го проучуваат неговиот мозок ќе можат да откријат што го создало ова чудовиште“, изјави адвокатот на Борхес, Алекс Ареза, за Фокс њуз.

„Можеби имаше некој вид на нерамнотежа што го предизвика ова што можеме да го спречиме во иднина“, додаде тој.

Поврзани новости