Момчето кое го изврши масакрот во Белград ќе биде сместено на Невропсихијатрија

by fokus

Момчето кое денеска во основно училиште во Белград уби 8 свои соученици и еден член на обезбедувањето ќе биде сместено на Клиниката за невропсихијатрија. Ова го соопшти претседателот Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста.

-Момчето отсега е на посебно место. Ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко како сопственик на оружјето што го чувал незаконски иако имал дозволи, е уапсен, а во притвор е приведена и неговата мајка, поради многу приказни и многу лаги кои се шират на социјалните мрежи, јас сум должен како претседател да зборувам за вистинските обврски. Ужасно злосторство се случи во едно од трите најдобри училишта во земјата, рече Вучиќ во обраќањето.

Поврзани новости