Момчето и двете девојки кои беа повредени во Нови Сад се уште се борат за живот

by fokus

Лекарите се уште се борат за животот на тројцата граѓани кои на 1 ноември беа тешко повредени на железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница.

Состојбата на повреденото момче Ц.В. (18) и две девојчиња М.Т. (24) и Р.А. (23) се уште е многу тешка.

„Сите пациенти се во многу тешка здравствена состојба. Секој ден, неколку пати во текот на денот, се среќава мултидисциплинарен консултативен тим од лекари за да донесе одлука за понатамошно лекување“, велат за Дневник од Универзитетската болница во Војводина.

Во петокот при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.

Поврзани новости