Момчето (12) кое уби врсник во училиште во Финска го призна делото

by Fokus

12-годишно момче, кое е осомничено дека денеска во училиште во Финска уби свој врсник и тешко рани уште двајца, наводно, на прелиминарното рочиште го признало убиството.

Според локалните медиуми, едно од застреланите момчиња починало на лице место, додека другите две со тешки повреди се пренесени во болница и нивната состојба е критична.

„Се работи за ученици од 6-то одделение“, соопштија од полицијата.

Мотивот за ова грозоморно злосторство се уште не е познат, а се очекува малолетниот осомничен утре повторно да биде изведен пред суд.

Тој денеска ќе биде предаден во Центарот за социјална работа, а нема да се соочи со кривична пријава бидејќи според законот е под 15 години.

„Согласно законот, осомничениот не може да биде приведен“, соопштија финските власти.

Истрагата во училиштето ќе продолжи утре.

„Меѓудругото, се истражува кој бил мотивот за ваков брутален чин, потребно е да се дознае што довело до ова“, вели извор од истрагата.

Полицијата соопшти дека момчето не се заканувало дека ќе повреди никого пред крвавиот пир. Полицијата добила повик во 9 часот и 8 минути, а осомниченото момче било уапсено околу 10 часот, во близина на училиштето.

Поврзани новости