557
Дваесет и едногодишно момче почина во сообраќајна несереќа што се случила вчера на локалниот пат с.Падалиште-Гостивар.
-Околу 12 часот се случила сообраќајна незгода во која А.Б (21) од с.Падалиште, управувајќи патничко моторно возило „Фиат панда“ со италијанска национална ознака, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Возачот А.Б. и сопатниците А.А. (25) и А.Т. (23) двајцата од с.Падалиште, биле пренесени во Медицински Центар Гостивар, каде кај возачот А.Б. е констатирана смрт, А.Т бил префрлен во Ургентен центар Скопје. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, информираат од МВР.