425
Деветнаесет годишно момче од Германија, со потекло од Србија, им подлегна на повредите во градниот кош кои ги здоби на свадба која вчера се одржувала во кумановско Липково, информираа од МВР.
Според полицијата, додека седеле во дворот од куќата на З.Ш. (51) каде била прославата, 63-годишниот А.Ш. извадил пиштол калибар 9 милиметри, кој го поседувал без дозвола и испукал неколку куршуми од кои еден го погодил 19-годишниот Б.А. Настанот се случил околу 22.45 часот.
Повреденото момче било пренесено во кумановската болница каде починало.