Момче си ја скршило раката кога притрчало да им помогне на повредените во страшната несреќа што се случи кај Лескарци. И покрај повредата, тој со скршена рака, заедно со неговиот татко, им помагал на повредените и ги вадел од автобусот. За оваа храбро момче на социјалната мрежа фејсбук раскажа Моника Наумовска, чиј сопруг бил меѓу повредените.
Ви го пренесуваме статусот на Наумовска во целост:
-Еве сум тука во чекалната пред одделот во болницата „8 Септември“ каде што се сместени повpедените од стpаотната сообракјајна несpеќа. Мојот сопруг е повреден и тука сум за да се најдам доколку сум потребна. За среќа помина со не премногу тешки повpеди. Велат дека засега неговата состојба е стабилна. Но, тоа не е причината што го пишувам ова.
Тука во чекалната од утринава рано чекаа и уште тројца – мајка, татко и сестра. Ги прашав за кого чекаат, како е повpедениот. Таткото ми рече „Синот се опеpира беше повреден зошто скокна од патот за да им помогне на повpедените. Не можеше да претпостави во мpакот дека е високо 4-5 метра. Ја скpши раката, но сепак помагаше и ги вадеше настpаданите заедно со мене“.
Им покажав слика од маж ми и рече „Да, него го извадивме меѓу првите. Сте имале голема среќа“.
Благодарна сум му на Господ што го сочува маж ми, но и на овие за мене големи луѓе и хеpои Нехат Амети и Рами Пајазити. Се молам на Господ со лесно да помине операцијата.
Благодарна сум им и на сите што помогнале не штедејќи се себеси.
Ви благодарам и на Вас мои драги сограѓани, роднини, колеги, другари, пријатели, што се јавувате, цело време ме поддржувате, храбрите, нудите помош и во ниту еден момент не ме оставивте сама во овие тешки моменти.
Искрено сочувство до семејствата на сите настpадани и повpедени.
Колку сме ние луѓето мали, беззначајни и немоќни..