Момче се удави во реката Пчиња

by fokus

Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција за МИА.

Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во 2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил.

Известен е јавен обвинител и извршен е увид.

Поврзани новости