Момче претепано и ограбено од тројца мажи и две девојки

by fokus

Дваесет и едногодишно момче, од скопското село Батинци, во полиција пријавило дека вчера, околу 19 часот бил нападнат од петмина насилници, од кои две биле девојки. Тој раскажал дека најпрвин бил нападнат додека се возел во градски автобус бр.70.

Инцидентот се случил кога на автобуската постојка кај „Веро Џамбо“ во автобусот се качиле неколку лица кои зборувале на висок тон. Тој побарал од нив да престанат и во тој момент едно од лицата од позади грб го удрил со тупаница, а потоа и другите почнале да го удираат со тупаници. Тогаш, возачот ги отворил вратите, а насилниците го земале куферот на момчето. На истото место се симнал и нападнатиот, и почнал да бега кон Меѓуградската автобуска станица. Но, на семафорите пред Железничка станица едно од лицата го фатил за рака и му го одзел рачниот часовник, а друг со тупаница го удрил во пределот на градите.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно рачистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани новости