379
Акцијата за спасување на осумгодишното момче кое пред речиси два дена падна во тесен бунар во Индија се уште е во тек.
Тамошните медиуми јавуваат дека момчето Танмај Саху е во бунарот веќе 38 часа.
Несреќата се случила во централната држава Мадја Прадеш додека момчето си играло со пријателите.
Официјалните лица велат дека тој е заглавен на длабочина од околу 17 метри.
Спасувачите се во трка со времето за да му го спасат животот и да му испратат кислород.
#watch An 8-year-old boy named Tanmay Sahu fell into a borewell in Mandvi village of #MP; SDRF, Home guard, & Police teams are at the spot#MadhyaPradesh #Betul #Borewell #Kid #Borewell #Rescue pic.twitter.com/zQolwCYttb
— Harish Deshmukh (@DeshmukhHarish9) December 7, 2022