Дваесет и двегодишно момче од Студеничани, откако било фатено од полицијата како го крши полицискиот час и се вози со својот автомобил, направил уште еден прекршок, односно се обидел да избега, а ги нападнал и полицајците.
-Вчера било пријавено дека во 15,40 часот во близина на бензинска пумпа во с.Студеничани, скопско полициски службеници од СВР Скопје за време на забраната за движење додека извршувале редовни работни задачи го застанале И.Ш(22) од с.Студеничани кој управувал патничко моторно возило „лада самара“ со скопски регистарски ознаки. При обид за негово легитимирање истиот се обидел да избега и физички нападнал еден од полициските службеници, по што бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.