386
Момче на 21-годишна возраст од село во близина на Неготино пријавило дека било силувано од непознат сторител, во близина на патарината кај Градско.
Според СВР Велес, настанот се случил на 16-ти февруари, околу час и половина по полноќ, пред наплатаната станица ,,Градско”, кога непознато лице го присилило момчето на полов однос.
-По наредба на Јавен обвинител момчето е упатено на медицински преглед. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Настанот е пријавен во СВР Велес наредниот ден во 18 часот – ни изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Тој не откри од кое село е момчето.
Вики Клинчарова