Момче од Кавадарци ја врбувал и наведувал својата малолетна девојка на проституција

by fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело „Посредување во вршење проституција“ од член 191, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот во текот на последните два месеца ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка. Тој преку нејзиниот профил на Инстаграм до кој имал пристап, пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица. Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците. Поради тоа надлежен јавен обвинител предложил да му биде определена мерка притвор.​​

Поврзани новости