Ајдин Зулиќ, екс ученик во мешовитата гимназија во босанскиот град Бихаќ, се закани дека подготвува да направи масакр, сличен на вчерашниот во Белград, и да убие ученици и вработени во средното Економско училиште во градот.
Тој својата намера ја објавил на социјалните мрежи што предизвика паника во градот.
„Она момче кое уби осум деца е крал за мене. И јас подготвувам такво нешто веќе подолго време за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр во Бихаќ, ви се колнам во живот. Кога знаевте сите да ме осудувате и избегнувате, поради тоа ќе биде и терор“, напиша Зулиќ во објавата која масовно се споделува на социјалните мрежи.
Од мешовитото училиште во Бихаќ соопштија дека нема потреба за паника и дека надлежните органи навреме реагирале.
Српскиот ученик Коста Кецмановиќ, кој за еден месец ќе наполни 14 години, вчера во Белград во крвав пир во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби осум деца и вработен како обезбедување во објектот.