Момче од беровско Ратево загина во сообраќајка

by fokus

Дваесет и едногодишно момче од беровското село Ратево загина во сообраќајна несреќа.

-На 06.11.2022 во 04.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Струмица, кај место викано „Кортелов Мост“, атар на с.Ратево, Беровско, Б.Г.(21) од с. Ратево, управувајќи патничко возило „опел вектра“ со беровски регистарски ознаки, излетало надвор од патот.

На местото на несреќата починал возачот. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Појаснуваат дека бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Берово.

Поврзани новости