316
17-годишен мигрант од Авганистан е осомничен за убиство на 20-годишен сограѓанин синоќа во Белград. Убиството се случило по тепачка меѓу мигранти пред еден угостителски објект во главниот град на Србија.
20-годишното момче е прободено со нож во градите, а белградската полиција го уапси 17-годишникот под сомнение дека го ивршил кривичното дело. Полицијата идентификувала втор осомничен за убиството и по него се трага.
Против осомничениот ќе биде покрената кривична пријава, по што ќе биде изведен пред судија за малолетници.