654
Момче од Скопје на 28-годишна возраст вчера попладне се удави во велешкото езеро „Младост’’. Несреќата се случила околу 16 часот, кога момчето заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“.
Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала противпожарната единица до Велес.
Телото го пронашле пожарникарите околу 17 часот, а докторите од велешката брза помош ја констатирале смртта. На местото увид направил јавен обвинител, кој одлучил да издаде наредба за обдукција на телото на удавеното момче.