Молк и тага во Вевчани, смртта на младото момче го засени карневалот

by Fokus

Тажен ден за Вевчани по трагичната смрт на младиот Милан Мукоски, кој загина ноќеска во сообраќајна несреќа. Имаше само 19 години, беше жител на оваа општина и син на експратеникот Крсто Мукоски.

Општината го откажа забавниот дел од овогодинешната манифестација, некои ресторани не работат а тие што работат не пуштаат музика. Традиционалната прослава вевчанци ја започнаа со едноминутен молк за загинатото момче, дефилирајќи во помал број, за сепак да се задржи традицијата.

Во Вевчани беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој изрази сочувство до семејството.

„Очекувам успешен ден и покрај тоа што го изразувам моето најискрено сочувство за инцидентот којшто се случи во раните утрински часови овде во Вевчани, посакувам денот да помине во добро расположение.“ – рече Мицкоски.

Поврзани новости