Шефот на молдавската служба за безбедност Александру Мустеата предупреди на „многу висок“ ризик од нова руска офанзива на истокот на Молдавија , повторувајќи ги неодамнешните пораки од неколку украински воени команданти дека Москва се подготвува за нова голема офанзива на почетокот од следната година.
„Русија сè уште има за цел да обезбеди копнен коридор низ Украина до отцепениот молдавски регион Придњестровје, изјави Мустеата“.
„Не е прашање дали Руската Федерација ќе започне нов напредок кон територијата на Молдавија, туку кога ќе го направи тоа“.
Шефот на молдавската разузнавачка служба појасни дека Москва разгледува неколку сценарија за да стигне до Молдавија и дека е можно тоа офанзивата ќе започне во јануари- или најдоцна во март следната година .