Молдавија ја зајакнува одбраната по серијата експлозии

by Fokus

Молдавија ги засили безбедносните мерки по серијата експлозии во отцепениот регион Приднестровје, поддржан од Русија.

Молдавската претседателка Маја Санду ги повика граѓаните да останат смирени по серијата експлозии во областа што граничи со Украина, што ги зголеми стравувањата од прелевање од конфликтот со Русија.

Говорејќи по состанокот на Врховниот совет за безбедност на Молдавија, Санду ги припиша експлозиите на „внатрешните разлики меѓу различните групи во Приднестровје кои имаат интерес да ја дестабилизираат ситуацијата“.

Советот препорача државните агенции да ги засилат патролите во близина на Приднестровје и да вршат безбедносни проверки на критичната инфраструктура.

Русија пак тврди дека сака да избегне сценарио во кое Москва би морала да интервенира во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.

Поврзани новости