Моќна политичка порака на Мадона, која непријатно ги изненади организаторите на Евровизија

by fokus

Иако фановите низ светот ја повикуваа Мадона да ја бојкотира Евровизија, сепак кралицата на попот настапи на синоќешната манифестација за избор на песна. Таа го изведе познатиот хит од 1989 година „Like А Prayer“, со хор од 35 вокали, како и новиот синг „Future“со раперот Куаво од бендот Мигос.

Нејзиниот настап, сепак, не беше индиферентен на политичките случувања во Израел, туку испрати силна порака откако на грбот на танчерите беа откриени израелското и палестинското знаме. Моќен беше настапот кога при крајот на изведбата, танчерите во двојки се качуваа по скалите, прегрнати со палестинско и изреалеско знаме на својот грб. Веднаш потоа следеше пораката „Wake UP“ која се најде и на екранот позади Мадона и Куаво.

Организаторите на Евровизија изјавија дека моментот со знамињата не бил дел од одобрениот настап и дека на Мадона и било предочено дека настанот не е политички во ниедна смисла.

„Овој елемент не беше дел од пробата. Евровизија е неполитички настан и на Мадона и беше дадено тоа до знаење“, изјавија организаторите.

Политичка порака испратија и претставниците на Исланд кога раширија знамиња на Палестина додека траеше пребројувањето на гласовите. При тоа обезбедувањето интервенираше и знамињата им беа одземени. Организаторите на манифестацијата реагираа и на ова изјавувајќи дека овој гест ќе биде разгледан од бордот на директори, што значи дека Исланд може да се соочи со казни.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=526&v=UHIbjuZ22ck

Поврзани новости