567
Македонската натпреварувачка Анастасија Мојсовска не успеа да се пласира во финалето на денешниот натпревар во стрелаштво на 10 метри со воздушна пушка на Олимписките игри во Париз.
Мојсовска квалификациите ги заврши на 31. место од вкупно 43 натпреварувачки.
Вчера симболичен настап во пливање трка на 400 метри слободен стил имаше и Никола Ѓуретановиќ кој заврши последен.
До крајот на Олимпијадата ќе настапат уште четворица Македонци.