„МојДДВ“ повторно е во функција

by irena 10:58
10:58

Системот „МојДДВ“ е повторно во функција, информира Управата за јавни приходи.

Оттаму соопштија дека е извршено унапредување на системот, а планираните активности за миграција на нова ИТ инфраструктура успешно завршиле вчера попладне.

Со надградбата, според УЈП, се обезбедува поголема сигурност, побрза работа и поголема достапност на услугата за сите корисници.

Апликацијата „МојДДВ“ од вчера, 23 јуни 2026 година, од 16 часот е целосно функционална, стабилна и достапна за користење.

Граѓаните можат да продолжат со скенирање на своите фискални сметки.

Слични вести