На официјалната страница Евровизија – Шведска, објавена е исповед на Марко Пуришиќ, познат како Бејби Лазања, кој на Евровизија 2024 и го донесе на Хрватска второто место со песната ,,Рим тим таги дим” и стана музичка сензација.
Со цел да ги инспирира луѓето, да им даде надеж во тешките животни моменти кога сакаат да се откажат од нешто, тој ја раскажал неговата приказна, за времето кога веќе кренал раце од музиката.
-Аплицирав за работа. Се откажав од музиката бидејќи за мене беше факт дека музиката никогаш нема да ми ги плати сметките и да ми обезбеди егзистенција за семејство.
Ми требаше работа и знаев како да ја најдам. Стануваше збор за добра работна позиција, поминав долг пат во целиот процес, но одеднаш ме поканија да учествувам на ,,Дора,, (Хрватски избор на песна за Евровизија) и учтиво ги прашав регрутерите дали можам да чекам еден месец.
Тогаш ја освоив Дора.
Регрутерите ми честитаа и ми рекоа, можеби ќе работиме заедно во иднина, но засега, многу среќа во вашата музичка кариера.
Сакам да ја раскажувам оваа приказна, таа не потсетува дека понекогаш дури и ако мислите дека е готово, не е. Бев подготвен да се откажам од музиката. Гледав как сите напредуваат во животот, само јас бев ист како во средно училиште.
Повеќето од моите пријатели имаа работа, автомобили, станови, а јас бев скршен. Немав ни велосипед, бидејќи целото мое време и пари ги вложив во музиката.Се прашував зошто го направив ова, дали сум луд.
Се надевам дека мојата приказна ќе инспирира некои луѓе и ќе ги поттикне да не се откажуваат-раскажува музичарот.
Поради големиот успех на евровизиската сцена во Малме, по враќањето во Хрватска тамошната влада одлучи да го награди Марко со 50.000 евра, кои тој веднаш ги одби и побара да бидат пренаменети во корист на две детски клиники во земјата.
Вики Клинчарова