Мохамед ал Башир назначен за привремен премиер на преодната влада на Сирија

by Fokus

Мохамед ал Башир е назначен за привремен премиер на сириската преодна влада до 1 март 2025 година, рече тој во телевизиско обраќање.

Ал Башир ја предводеше бунтовничката Влада на националниот спас во северозападна Сирија во офанзивата со која беше соборен сирискиот претседател Башар ал Асад, објави Ројтерс.

Сириската исламистичка бунтовничка организација Хајат Тахрир ал Шам, која го зазеде Дамаск, објави дека подготвува список на функционери од владата на Асад кои биле одговорни за тортурата за време на неговото владеење, пренесе Би-Би-Си.

Поврзани новости