388
Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, разговарала телефонски со претседателите на Србија, Александар Вучиќ, и на Косово, Хашим Тачи, по убиството на српскиот политичар во поранешната јужна српска покраина Оливер Ивановиќ, и ги повикала сите страни да останат мирни и воздржани.
„Високата претставничка ги повика сите страни да останат мирни и воздржани, и да им овозможат на правосудните тела да ја завршат својата работа“, се наведува во соопштението од кабинетот на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.
Таа силно го осудила убиството на Ивановиќ и изразила сочувство до неговото семејство и блиските.