418
Приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската унија ќе биде еден од моите два приоритети за работа во наредниот период, заедно со зацврстување на безбедноста и одбраната на Унијата, изјави доцна синоќа високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
Според неа, во земјите од Западен Балкан постои „многу импресивно ниво“ на посветеност кон ЕУ, бидејќи во нив довербата во Унијата е поголема отколку во некои членки на блокот.
Могерини нагласи дека приближувањето на Западниот Балкан е „неповратен процес“ и прашање од стартешки интерес за Унијата, со што воедно ќе се реализира идејата за обединување на европскиот континент.