Преспанскиот Договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и оваа прилика може да не се повтори веќе, порачува високата претставничка за безбедносна инадворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини во интервју за МИА.
-Ги разбирам чувствителностите и комплексната историска позадина на спорот, како и изразените загрижености. Спорот не постоеше толку долго без причина, меѓутоа, како што видовме во минатото, колку повеќе времето минува, толку е потешко да се изнајдат решенија. Преговарачкиот процес мора да бил болен и резултатот е компромис. Но, е компромис со кој успешно се исполнуваат клучните интереси на двете страни – вели Могерини.
Според неа, договорот е уникатна можност за помирување на Западниот Балкан која, порачува таа, можеби нема да се повтори.
-Се надевам дека сите страни ќе ги зграпчат моментот и дека ќе обезбедат иднина во ЕУ за земјата, иднина која цела нација се надева со години да стане реалност – истакна високата претставничка на ЕУ.