555
Резултатите од претседателските избори во Франција покажаа дека ЕУ е жива и понатаму ќе се проширува, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, за италијанскиот весник ,,Ла Стампа“.
Таа потсетува дека Велика Британија до 2019 треба да ја напушти Унијата , по што сигурно нема да се ограничи членството на 27 земји , бидејќи Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија се кандидати за ЕУ.
,-Сигурна сум дека нема да се ограничи на 27 земји и сигурна сум дека по Брегзит ќе имаме нови членки. Мислам дека тоа ќе бидат земјите од Балкан . Многумина овој процес го нарекуваат проширување, но јас сакам да го гледам како реобединување, изјавила Могерини.
Таа додала дека патот што треба да го поминат овие земји кон ЕУ е долг и тежок, но дека е сигурна дека тие ќе продолжат по тој пат.